И додека Македонија е најзагадена земја во Европа власта „мува не ја лази“.
Освен Скопје еден од најзагадените градови во Македонија е и Тетово кое наместо да се справи со загадувањето градот сече дрва.
Во текот на викендот во дворот на ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово биле исечени три дрва.
Според информации на родители кои ги испратија фотографиите сечата била нелегална во текот на поплочувањето на дворот со бекатон плочки.
Инаку Тетово е еден од најзагадените градови и има недостаток на зелени површини, а наместо тоа власта на чело со Теута Арифи во општината реши да ги сече и така малку останатите дрва.