Славниот режисер Квентин Тарантно (55) и израелската пејачка Данијела Пик (35) се венчаа во Лос Анџелес. Интимната церемонија била организирана за најблиските пријатели и семејствата.
По размената на заветите, новопечениот брачен пар го одигра и првиот танц пред гостите. Младоженецот беше во класичен костум и бела кошула, а невестата блесна во венчаница.
Судејќи по фотографиите од свадбата, младите била највеселите користејќи го секој момент за да разменат нежности, а како што пренесуваат медиумите, забавата траела до доцна во ноќта.
Пред Данијела, Тарантино беше во долга врска со колешката Софија Копола, со која денес остана во пријателски однос.
View this post on Instagram