Манекенката Даниела Димитровска која е сопруга на познатиот српски водител Огнен Амиџиќ на денеш ден пред пет години на свет го донесе нивниот син, а по тој повод се огласи со емотивна порака.
-Денеска е голем ден. Не сакам патетика, но како да не бидам патетична кога на 29 ноември 2013 година заедно со него повторно се родив, како да животот пред него не постоеше. Се стана поинаку, се доби поинаква смисла, се стана подобро и поубаво. И еве додека ова го пишувам во кафуле и го пијам кафето, се обидувам да ги сокријам солзите кои неконтролирани се тркалаат низ образот. (луда мајка)… ова се солзи радосници, солзи за благодарност, бидејќи во него е целиот мој свет, воздух, срце, живот. Не постојат зборови кој можат да ги опишат овие чувства… се уште не се измислени. Сине мој, среќен ти роденден, напиша Даниела.