четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скопско основно училиште со препорака до учениците и наставниците: Поради зголемено загадување не излегувајте надвор (ФОТО)

Скопско основно училиште со препорака до учениците и наставниците: Поради зголемено загадување не излегувајте надвор (ФОТО)

Денеска во едно од основните скопски училишта беше издадена мерка за заштита на учениците и наставниците од енормно загадениот воздух.

Имено во текстот стои дека им се соопштува на сите ученици и наставници, дека во денови на зголемено загадување на воздухот се препорачува да не се излегува на голем одмор и користењето на слободното време во училишниот двор.

-Воедно се препорачува да нема задржување на отворено и во училишниот двор по завршување на наставата, стои во соопштението.

Инаку Скопје веќе со денови се гуши во загадениот воздух, а загадени се и повеќето градови низ Македонија.

Најнови вести