понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството

Арсовски: Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството

Цела недела СДСМ, Заев и Оливер Спасовски молчат за скандалот за нелегалното прислушување на јавните обвинители и обвинителството, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Цела недела Заев и Оливер Спасовски ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и се уште не даваат никаков одговор за тоа кој прислушувал, кој се ги има разговорите кои нелегално се снимани, кој ги преслушал и најважното кој ќе сноси одговорност. Одговорноста за нелегалното прислушување на обвинителите и обвинителството директно е на Зоран Заев и Оливер Спасовски. Затоа и молчат цела недела и дефокусираат со други теми. Обвинителите и институциите повеќе не се слободни да си ја работат својата работа како што им налага нивната професијата. Ова е скандал за кој до сега требаше да паднат првите оставки, потенцира Арсовски.

Тој додава дека наместо оставки, Зоран Заев и Оливер Спасовски ја замајуваат јавноста и дефокусираат со разно разни недоветни изјави.

-Срамно е и опасно ова што се случува во моментот во државата. Веќе никој не е безбеден, а Заев, Оливер и останатите од СДСМ на најгруб начин ги злоупотребуваат позициите и ги ставаат под контрола и надзор институциите. Ова воопшто не е согласно законите и затоа уште веднаш треба да си поднесат одговорност и оставка. Што ли уште треба да се случи во Република Македонија за да си поднесат оставки Зоран Заев и Оливер Спасовски? Криминал, корупција, нерасчистени убиства, рекет, злоупотреби на службена должност, нелегално прислушување обвинители, делење на тендери на блиски луѓе и уште многу други причини има за оставка на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но, наместо оставки, цветаат бизнисите на луѓето од СДСМ, цветаат криминалот, цвета корупцијата, цвета рекетот. Заев и Оливер Спасовски ја зацрнија Република Македонија. Заев и Оливер треба уште веднаш да си дадат оставки и да не пречат понатака во расчистување на овој голем скандал. Што побрзо има оставки, толку подобро, истакна Арсовски.

Најнови вести