четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска: СДСМ не се достојни да зборуваат за македонската историја, ниту за Ќосето, единствено што ги интересира се народните пари

Стаменковска: СДСМ не се достојни да зборуваат за македонската историја, ниту за Ќосето, единствено што ги интересира се народните пари

Колешке, дискусијата ви беше како да кажете нешто, но во суштина воопшто не се задржавте на амандманот. А, те како битно прашање е посадувањето односно, поставувањето на вакви дрва. Исто така многу бевте контрадикторни од една страна викате дека нема потреба од вакви дрва, а дека има потреба да се сади, па да сме насаделе не знам колку дрва. Од друга страна викате дека акцијата за садење дрва, „Ден на дрво“ не чинело бидејќи се саделе дрва. Пред да ми реплицирате, сконцентрирајте се што ќе ми одговорите дали сте за садење дрва или да не се садат дрва. Друга работа како што е „Рекорд“ во Скопје, делови на „Илинденска“, нема простор да се насадат 275 дрва, а има простор да се насади едно еко дрво, и реплицираше Невенка Стаменковска на Мира Стојчевска при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стаменковска исто така ја запраша Мира Стојчевска колку чинеа „Гинко“ дрвата што ги посадија на место каде што беше споменикот „Ќосето“.

При заседавање на Комисијата Стаменковска посочи на СДСМ дека не се достојни да зборуваат за македонската историја, ниту за Ќосето. Единствено она што ги интересира и заради тоа што секој ден се во Собрание се парите за дизелот, и парите за патни трошоци. За ништо друго не се заинтересирани.

Најнови вести