сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фрапантни бројки покажуваат дека 77 проценти од младите размислуваат да се иселат од Македонија

Фрапантни бројки покажуваат дека 77 проценти од младите размислуваат да се иселат од Македонија

Дури 77 проценти од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажува најновото истражување на Младинскиот совет.

Претседателот на Младинскиот совет Блажен Малески, во гостување во Студио 1 на 1 ТВ, вели дека има повеќе причини зошто младите не сакаат да останат во државата.

-Клучните работи во кои треба да инвестираме се образование, можности за младите, да можат да просперираат во Македонија, владеење на правото за да се чувствуваат сигурни за она што го прават тука и можат да го изградат, да се чувствуваат безбедни дека ќе остане нивно. За жал, Македонија во сите три сфери е малку проблематична земја и нормално е дека младите ќе сакаат да ја изградат својата иднина во општество каде што ќе можат да просперираат, вели Малески.

Имено, и покрај долго најавуваната мерка позната како младинска гаранција од страна на владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев, се уште нема реализација на овој проект, што само се потврдува незаинтересираноста и негрижата од актуелната власт.

Најнови вести