недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија: Листата од нови странски инвеститори во Република Македонија остана празна

Стевананџија: Листата од нови странски инвеститори во Република Македонија остана празна

Листата од нови странски инвеститори во Република Македонија остана празна. Портпаролот на СДСМ кој што зборуваше 7 минути не напомна ниту нов барем еден странски инвеститор, ниту еден. Ниту едно име на фирма, компанија или пак поединец. Кои што се одлучиле овде во 24 месеци да инвестираат во Република Македонија, посочи Димитар Стевананџија, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стевананџија на Костадинов му рече дека тој како портпарол на СДСМ треба да знае дека се многу повеќе од 9 странски инвестиции во Република Македонија. И дека треба напамет да ги знае сите инвестиции во сите општини во Република Македонија. Само во Прилеп има 3, во Битола 4, во Штип 5, и во сите места во Република Македонија каде што ТИРЗ. За жал тие не успеале да набројат ниту една. Ниту една не пишавте скратеница од некоја фирма. И да речете ова е резултат на владеење на СДСМ. Да посочите дека во оваа фирма се вработија 50 работници.

За да ви потврдам зошто СДСМ забега од својата рута е затоа што ги заборави и не ги посети вработените во „Еурокомпозит“ кои што брутално ги излажа. Ги заборави земјоделците, ги заборави пензионерите. Буквално заборавени се и производителите на јаболка и производителите на праски, круши, сливи итн. Буквално земјоделците се на колена, појасни Стевананџија.

Најнови вести