недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија: За сладолед и лубриканти имате пари, за асфалт во селата немате пари

Стевананџија: За сладолед и лубриканти имате пари, за асфалт во селата немате пари

На денешната седница на Комисијата за финансирање на буџет имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

Стевананџија истакна дека 50 милиони денари не се воопшто голема сума за асфалтирање на улиците во селата кои гравитираат околу Неготино додека Владата троши огромни пари за лубриканти и за сладоледи.

„Ова се само половина од средствата кои се потребни за асфалтирање споредено со оние за набавка на лубрикантите и малце повеќе од средствата со кој што Јавното претпријатие Стрежево ќе купи сладолед .“, кажа Стевананџија.

Наместо Владата да им се оддолжи на граѓаните на овој регион поради катастрофалните цени и на праските и на сите земјоделски производи Владата уште повеќе ги игнорира нивните потреби, истакна Стевананџија.

Најнови вести