Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на улицата Козара бб во Капиштец ќе има прекин во водоснабдувањето.
Прекин, како што се посочува во соопштението, ќе имаат корисниците на дел од улица Козара, Бел Камен и Шарски одреди.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите.