среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сијарто за Ле Монд: Барањето за азил на Груевски е поднесено во Будимпешта од безбедносни причини

Сијарто за Ле Монд: Барањето за азил на Груевски е поднесено во Будимпешта од безбедносни причини

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за париски „Ле Монд“ зборува за азилот кој му беше доделен на Никола Груевски, јави МИА.

Запрашан зошто неговата земја му дала азил на поранешниот македонски премиер, без тој да го поднесе неговото барање за азил како и сите други баратели, по должината на оградата на самата граница, Сијарто вели дека во Унгарија барањата за азил се разгледуваат од независни власти, и оти тој не може да ја коментира содржината на досието.

– Овие власти одлучија да му дозволат на Груевски да го поднесе барањето во седиштето во Будимпешта поради безбедносни причини, бидејќи тој беше премиер во текот на десет години. Јас го сметам тоа за нормално, вели унгарскиот министер за надворешни работи.

Најнови вести