Не остануваат уште многу денови до крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
Кај некои повеќе владее новогодишната еуфорија, а кај некои можеби помалку,па тој ден го гледаат како секој друг ден.
Повеќето брзаат да ја накитат новогодишната елка, да го уредат домот во новогодишно расположение, а некои брзаат и да купат подароци на своите најмили и да ги израдуваат за Нова година.
Така и Сања Сани Гроздановска најверојатно од својот сопруг побарала подарок за новогодишните празници.
Меѓутоа, во кратките приказни „Инстаграм“ таа сподели како поминала кога побарала подарок.
„Му пишав на маж ми што сакам за Нова година…му се блокираше телефонот, нема веќе ни „Вибер“, ни „Фејсбук“, ни „Инстаграм“…се мислам сега дали да му кажам во очи, да не го снема“ се пошегува Сани.
Таа неодамна истакна дека одлично се согласува со Мартин и дека одлично функционираат, дека тој ја чува и почитува.
Веруваме дека Сани ќе си го добие новогодишниот подарок, а и дека ќе се подготви за налудата ноќ.
Извор: Вистина.мк