сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Симовски: Ние за жал се соочуваме со ситуација кога голем дел од младата популација ни бега надвор

Симовски: Ние за жал се соочуваме со ситуација кога голем дел од младата популација ни бега надвор

Нашата идеја не е некому да се скратат правата. Воопшто не размислуваме на тоа. Значи ако некој стекнал одредени права апсолутно задоволство ќе ми биде да си ги ужива понатаму тие права. Дај боже да се шират тие права и опсегот на тие права да биде поширок за сите. Меѓутоа елементарното право на секој поединец во оваа држава е да има нормални услови за живот, посочи Апостол Симовски директор на ДЗС при гостување на емисија на 1ТВ.

Симовски образложи дека ние за жал се соочуваме со ситуација кога голем дел поготово од младата популација ни бега надвор. Се прашуваме ли зошто ни бега надвор? Заради тоа што има етнички права или нема етнички права? Ни бега првенствено бидејќи нема доволно услови за живот кои што мислат дека се потребни и сакаат да си ги остварат. Дали ни е побитно да ги задржиме етничките права и не викам дека некој ќе ги изгуби, не сум ни слушнал дека некој помислил така. Нам ни е битно да си ги задржиме луѓето овдека. Да им овозможиме барем какви такви подобри услови за живеење отколку што ги имаме во моментов. Мислам дека тоа е побитно во овој момент, појасни Симовски.

Најнови вести