На денешната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа“ во која се зборуваше за економската состојба на Македонија гостуваа поранешниот министер и универзитетски професор Трајко Славески и Ванчо Узунов актуелен советник во Владата на Зоран Заев за економија.
На новинарско прашање каква е состојбата на економијата за 2018 година и дали се исполнети очекувањата кои ги вети Владата Узунов кажа дека се уште останува чувството на незадоволство кај граѓаните од економската политика и резултатите.
„Перформансите се подобрени особено на приватниот сектор, многу повеќе е влијанието на приватниот сектор во формирањето на БДП но останува кај граѓаните едно чувство на незадоволство , очекувањата не се баш остварени “ –кажа Узунов
Узунов истакна дека при промена на власта очекувањата биле премногу напумпани односно потенцираше дека може повеќе и треба да се направи повеќе во делот на економијата.