Донацијатата ја примија директорите на 6 основни училишта од Кавадарци каде се школуваат 3.500 ученици. Вредноста на пречистувачите е 2.214.000 денари. Фондацијата ќе продолжи со други донации наредната година.
Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот , работата и нивното образование.
Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко, во најдобрите македонски производи .
Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.
Овие прочистувачи на воздух ќе се поставуваат во следниве училишта:
- ООУ Димката А.Габерот Кавадарци – 15 прочистувачи
- ООУ Димката А.Габерот Ваташа – 19 прочистувачи
- ООУ Тоде Х.Тефоф- 19 прочистувачи
- ООУ Гоце Делчев – 18 прочистувачи
- ООУ Страшо Пинџур – 22 прочистувачи
- ООУ Тошо Велков Пепето – 23 прочистувачи
Јанинка и Митко денеска им се обратија на присутните директори на Основните училишта од Кавадарци-праќајки пораки дека за децата треба сите да водиме грижа и да настојуваме нивното образование да биде оптимално, без проблеми, поради што и тие како дел од ова фондација водат многу сметка. Фондацијата и во иднина ќе вложува таму каде ќе оцени дека треба да се донираат средства или опрема за подобрување на квалитетот на обрзованието и активностите поврзани со тоа.