четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Саниран дефектот во Љуботен, ЕВН била спречена да интервенира

Саниран дефектот во Љуботен, ЕВН била спречена да интервенира

Поради преоптовареност на електричната мрежа изгоре трафостаницата во скопското село Љуботен. Како резултат на тоа без електрична енергија остана основното училиште каде посетуваат настава 390 ученици.

Учениците два дена седеа дома бидејќи и греењето работи на струја. Директорката на училиштето, Ајфете Дибрани, контактирала со ЕВН, од каде што и рекле дека нивна екипа е излезена на терен за санирање на дефектот, но била спречена од неколку жители, пренесе ТВ21.

„Екипите на ЕВН Електродистрибуција повторно од страна на одредени жители беа спречени во санирање на дефектот. Тие се повлекоа и во моментов се водат разговори со полицијата со цел да се обезбеди пристап на терен. Ова не е прв пат вработени да бидат нападнати и да бидат спречени во вршење на својата работа. Во врска со ситуацијата, се разговара со полицијата, градоначалникот на општина Бутел и жителите, со цел да се преземат потребните мерки за напаѓачите и да се овозможи ЕВН Електроистрибуција да изврши реконструкција и санирање на мрежата, со што ќе се обезбеди снабдување со електрична енергија.“ – ЕВН Македонија.

Откако екипа на ТВ21 се врати од терен, од училиштето информираа дека екипа на ЕВН отишла уште еднаш во Љуботен и со помош на директорката на училиштето, им било дозволено од жителите да го средат дефектот на трафостаницата. Така, од утре во училиштето повторно ќе има нормални услови за настава.

Најнови вести