вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова до власта: Кратите пари за заштита на културното наследство, за да вработите албански гласачи пред изборите

Манаскова до власта: Кратите пари за заштита на културното наследство, за да вработите албански гласачи пред изборите

Кратите пари за заштита на културното наследство, а си ги зголемувате платите и надоместоците на администрацијата, обвини  Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Тоа значи нови вработувања во следната изборна година. Самиот министер за култура при презентирањето на Буџетот за 2019-та година најави 80 нови вработувања во новоформираниот ансамбол за песни и ора на Албанците во Македонија и нови 27 вработувања во новоформираната институција театар во Гостивар. Тоа се разбира оди на негово конто, тоа се политички поени кои тој како министер и неговата партија можат да ги презентираат пред своите избирачи, но не знам како СДСМ ќе го објасни ова на своите гласачи, порача таа.

Најнови вести