вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Дојде животот“ и за партиските копиранти

Додека за да се вработите во приватна фирма треба добро да се “испотите“, да отидете на безброј конкурси, а во меѓувреме дополнително треба да завршите и  факултет, да се магистрира, да се полни биографијата со пракса, обуки, професионални надоградби... МЕПСО и партискиот директор на СДСМ покажа дека тоа не важи за идниот партиски војник што треба да се вработи на оваа позиција.
„Дојде животот“ и за партиските копиранти

Во време кога поголемиот дел од вработените во Македонија мака мачат да сврзат крај со крај, државната компанија МЕПСО распишува оглас за вработување на копирант каде се нуди месечна плата од 25.000 денари.

 

Условите се едноставни. Се бара само да има завршено средно образование кое во Македонија е задолжително, да нема работно искуство и толку.

Додека за да се вработите во приватна фирма треба добро да се “испотите“, да отидете на безброј конкурси, а во меѓувреме дополнително треба да завршите и  факултет, да се магистрира, да се полни биографијата со пракса, обуки, професионални надоградби… МЕПСО и партискиот директор на СДСМ покажа дека тоа не важи за идниот партиски војник што треба да се вработи на оваа позиција.

Но не е само идниот копирант што треба да се вработи. Доволно е да го погледнете најновиот оглас и останатите места кои се нудат во МЕПСО и ќе ви стане јасно зошто јавноста и социјалните мрежи буквално “зовреа“ од ваквото однесување на СДСМ. Незадоволството од ваквите политики секојдневно буквално експлодира.

Додека сите овие ликови од СДСМ, додека беа во опозиција говореа за големите плати во администрацијата и за работните места што се објавуваат истите тие на најбезобразен начин, со дрско големи плати ја полнат државната и јавната администрација. Ова најмногу е изразено во вакви моќни институции каде платите се огромни, а каде најчесто служат за вработување на “лепачите“ на плакати од СДСМ.

Секако пресуден фактор е припадноста на партијата, а не нивните квалификации. Па така во овие 8 месеци додека е СДСМ на власт бевме сведоци како без конкурс се вработија припадници на Шарената револуција, комедијанти, твитерџии, членови на невладини организации и сите оние кои тврдеа дека се независни. Вработувањата нивни беа без конкурс, на нетранспарентен начин, без некоја оправданост и без некои посебни услови при нивното вработување.

Oна што е најголема иронија е реакцијата на партискиот твитерџија Влатко Васиљ.

Откако како награда доби вработување во Влада за неговите твитови кои со плукање беа насочени против ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително после 6 месеци доби ново вработување во кабинетот на Петре Шилегов и тоа за поголема плата. И во двата случаи без конкурс, без квалификации и без докази зошто токму овој човек е потребен во Влада и во Град Скопје.

Васиљ и сите останати треба да знаат дека Македонија има висообразована младина која поверува во лагите што ги ширеше СДСМ и која сака да успее без да биде партиски кадар.

МЕПСО: Лицето ќе умножува, средува и поврзува материјали

Откако огласот за вработување предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, КУРИР со цел прецизно информирање на македонската јавност, се обрати до МЕПСО и побара одговори.

Од таму информираат дека МЕПСО има две машини за копирање на кои ќе работи лицето за кое се однесува огласот.

На прашањето на КУРИР „Кои работни задачи ќе ги има копирантот“, ни беше одговорено дека тој ќе умножува, средува и поврзува материјал за потребите на Друштвото.

-Се грижи за техничката документација во Друштвото, се грижи за чување на месечните, неделните и дневните списанија, се грижи за чување стручната литература и за истите води евиденција за нивно издавање; Се грижи за исправноста и функционирањето на машините и средствата за умножување за што благовремено превзема мерки самиот а доколку има потреба за тоа го известува одговорното лице, со цел благовремено да се превземаат мерки за нивно исправно функционирање; Требува материјал за потребите на умножување и води евиденција за утрошниот материјал; При изработка на секој писмен документ,поврзан со работните задачи од делокругот на работникот,со ставањето на својот потпис на истиот,работникот со целосна одговорност стои зад точноста и вистинитоста на така изработениот документ. Работникот е должен да ги извршува и другите работи покрај оние предвидени во описот, што одговараат на неговата стручна подготовка и работна способност, кои ќе му бидат дадени од страна на раководителот на службата, ни одговорија од МЕПСО.

 

Најнови вести