Еве ви доказ дека никој не го есапи народот. Локација кај Мајчин Дом. 8 бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон. Убрзано се работи додека не успеат да се организираат луѓето. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна се за џабе. Пак градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат, стои во објавата на социјалните мрежи на загрижен граѓанин кој сподели и фотографии.