недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тој е ѕвезда во Холивуд и користи јавен превоз, но ова не сте го знаеле за него

Тој е ѕвезда во Холивуд и користи јавен превоз, но ова не сте го знаеле за него

Киану Ривс на сите каскадери кои работеле со него на филмот „Матрикс“ им купил мотори. Својот хонорар за улогата во тој филм го поделил со екипата која работела на специјалните ефекти и костимите.

Исто така инсистирал да му биде исплатен помал хонорар, за да може во некои филмови да глумат и други ѕвезди како што бил случајот со Ал Пачино.

Иако е холивудска ѕвезда, Ривс користи јавен превоз и често се дружи со бездомни лица.

Овие денови до јавноста дојде веста дека познатиот актер несебично помага на приватната хуманитарна фондација Џон Вик која финансира истражување за лекување од карцином и детски болници.

Прашан за ова, тој само кусо потврдил, не сакајќи неговото име да се поврзува со фондацијата.

-Навистина сакам да ги пуштам да ја работат својата работа, изјавил кусо Ривс кога тајната била откриена.

Најнови вести