четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иванов: Кога веќе има разрешување очекувавме да има и министер со ресор затоа што економијата е во слободен пад, здравството тоне, земјоделците разочарани

Иванов: Кога веќе има разрешување очекувавме да има и министер со ресор затоа што економијата е во слободен пад, здравството тоне, земјоделците разочарани

Очекувавме кога веќе има разрешување да има и некој министер со ресор затоа што економијата е во слободен пад, здравството тоне, образованието не мрднато од мртва точка, земјоделците разочарани повеќе од било кога, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Иванов, на вчерашната собраниска седница.

– Денеска расправаме за разрешување на министерот без ресор, одговорен за ромски прашања, Аксел Ахмедовски, но ние уште при изборот на Владата предупредивме дека Владата нема капацитет за да се решат проблемите кои што ги мачат Ромите и ова што сега се работи е одвлекување на вниманието од вистинските проблеми со кои се среќаваат и државата и Ромите.

Тој потенцираше дека ова е задоволување на коалиционите барања, а Ромите се уште очекуваа исполнување на барем едно предизборно ветување затоа што им беше ветувано се и сешто, а после две години ништо не е исполнети и проблемите кои што ги мачеа Ромите се уште постојат.

Најнови вести