сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Теута Арифи двојно го зголемила долгот на општината

Теута Арифи двојно го зголемила долгот на општината

Според официјалните документи собрани од општините преку Законот за слободен пристап до информациите, Општина Тетово е една од 19-те општини со најголем јавен долг во земјата, oдносно таа е втора по ред веднаш после Охрид што е лидер на листата на должници.

Долгот на Општина Тетово до 2017 година достигна износ од 640,6 милиони денари, не вклучувајќи го долгот на ЈКП, вели Ариф Селами, советник на Алијанса за Албанци во општина Тетово, пишува Лајм.

Во периодот 2012-2017 долгот на општината е двојно зголемен и се движеше на следниов начин:
“2012 година – 226,1 милиони денари – Сади Беџети, ДПА
2013 година – 329,1 милиони денари – Сади Беџети, ДПА
2014 година – 354,1 милиони денари – Теута Арифи, ДУИ
2015 – 399,8 милиони денари – Теута Арифи, ДУИ
2016 – 459,2 милиони денари – Теута Арифи, ДУИ
2017 – 640,4 милиони денари – Теута Арифи, ДУИ

Како успеа општина Тетово да го акумулира целиот овој долг?!

– Градела, поправала и вршела работи кои не можела да ги плати, така што акумулираниот долг резултираше со работење на општината со блокирани сметки.
– потрошила повеќе пари отколку што имала или не успеала да ги собере, но вработувала и ја наполнила општинската администрација, до оној степен до кој повеќе од половина од буџетот оди за исплата на плати.
– имаше прекумерно планирање на буџетот, по што следеше ребаланс.
– не успеа да го наплати данокот на имот и многу често и данокот од продажбата на градежното земјиште”, вели Селами.