вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жена сакаше да удри коњ по глава: Реакцијата на полицаецот, иако насилна, сите ја пофалија (ВИДЕО)

Жена сакаше да удри коњ по глава: Реакцијата на полицаецот, иако насилна, сите ја пофалија (ВИДЕО)

На испраќањето на старата година се случи невообичаен инцидент што беше снимен со камери во центарот на градот Аделаида, Австралија. На снимката се гледа жена која се обидува да го удри полицискиот коњ со тупаница.

Меѓутоа, внимателното прегледување на снимката открива дека нејзината цел бил, всушност, полицаецот кој стои зад коњот. Оваа верзија на настанот подоцна беше потврдена од страна на полицијата.

Таа не успеа да го стори тоа, но затоа полицаецот на коњот ја фати за косата и ја фрли на под.

После тоа, на подот ја совлада третиот полицаец, пишува „Дејли мејл“.