Група млади луѓе во еден англиски град направиле сметка од 248 евра, но „заборавиле“ да ја платат па си заминале од локалот каде седеле.
Но, според безбедносните камери тие сепак не „заборавиле“ да платат, туку едноставно решиле да побегнат.
Сопственикот на ресторанот Роб Брадик ги објави нивните фотографии и видео снимка на Фејсбук и бара помош од сите добри луѓе.
Неговиот пост привлече големо внимание, па масовно започна да се споделува за да се најдат крадците.
Сопственикот во знак на пронаоѓање на крадците се маскираше во робин и додава дека не се работи за парите, туку за принципите и вознемирувањето на вработените.