петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци, украденото возило ќе биде вратено на сопственикот

Приведени крадци, украденото возило ќе биде вратено на сопственикот

Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (25.10.2023) околу 03.10 часот на наплатна станица Тетово, ги лишиле од слобода Р.К.(38) од Скопје и О.А.(18) од Кочани, кои претходно во Гостивар извршиле тешка кражба на патничко возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот И.И. од гостиварски Градец.

Возилото било паркирано на улица „Кеј братство единство“, со клучевите во брава.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци, а возилото денеска ќе му биде вратено на неговиот сопственик.