Синот на фолк пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шјан, е познат во јавноста како момче кое често прави скандали.
Неколку пати до сега Гоца зборувала дека не може ништо да му забрани и дека тој неодамна пораснал и го живее својот живот.
А овој пат пејачката искрено проговори за синот за кој вели дека го сменил својот начин на живот.
-Мирко е веќе подолго време заљубен и тоа е добро, тоа е најубаво чувство кога некој е заљубен, штом е нешто убаво долго трае, вели Гоца.
Таа додава и дека се уште е рано за женење и свадбата се уште нема да има.