Никол Кидман го потсети светот зошто и понатаму можеме да ја наречеме една од најпривлечните жени на Холивуд.
51-годишната актерка и нејзиниот сопруг уживале во фамилијарниот ден на една плажа во Сиднеј, а фотографите успеале да ја фотографираат Никол во бикини. Таа и сопругот Кит Урбан уживале во сончевиот ден со своите две ќерки, 10-годишната Сандеј Роуз и 8-годишната Фејт Маргарет.
Во модерен костим за капење, Кидман изгледала неверојатно. Освен што актерката е позната по својата витка линија, таа може да се пофали и со совршено извајаните стомачни мускули.