понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Попова Шапка никогаш во полоша состојба, туристите разочарани – институциите спијат

Попова Шапка никогаш во полоша состојба, туристите разочарани – институциите спијат

Иако е врвот на зимската туристичка сезона, на Попова Шапка има многу малку туристи. Капитални инвестиции нема. Жичарницата не работи, недостасува вештачки снег а има и дива депонија. Единствената инвестиција е од пред два дена кога беа поставени две канти за отпадоци, а тоа го сподели на Фејсбук градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Но,по само два дена, местото со кантите за отпадоци почна да наликува на дива депонија. Хамди Сулејмани од граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка“, вели дека ваквата состојба ги брка туристите, анализира тв 21.

„Овде сме токму кај последната инвестиција од општина Тетово која беше рекламирана на над 20 портали, дека општина Тетово поставила контејнери за отпадоци. Тие треба да се одржуваат, треба да се чистат. Ова е само една од точките, денеска, по празниците создадена е друга депонија погоре, општината како да не знае дека има луѓе кои го посетуваат местото горе“, вели Хамди Сулејмани – „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Еден турист кој излегол да скија, се врати уште пред да го направи првиот круг. Тој отиде да ги врати скиите бидејќи нема жичара и бидејќи е тешко да се искачи на планината без жичара.

„Се е о ред, но жичарата не работи и одам да ги вратам скиите бидејќи тешко да се качам горе“, вели Дениз Иљази – Турист.

Менаџерот на еден хотел вели дека последната капитална инвестиција на Попова Шапка е направена во времето на Тито.

„Овде не е направено ништо уште од времето на Тито, нема инвестиции, единствената голема приватна инвестиција сме ние. Недостасуваат инвестиции, нема туристичка инфраструктура, се она што му треба на еден туристички центар…се недостасува тука. Но, ние правиме други алтернативи барем за гостите да бидат задоволни“, вели Хашим Хасани – менаџер на Хотел Скардус.

Жичарата требаше да ја помине фазата на тестирање на 18 октомври минатата година, но ова тестирање беше направено денеска, во ек на туристичката сезона.

Извор: тв21