четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Управата за финансиска полиција лани со 74 пријави со кои е оштетен буџетот за 3 милијарди денари

Управата за финансиска полиција лани со 74 пријави со кои е оштетен буџетот за 3 милијарди денари

Управата за финансиска полиција во минатата година поднесла 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од три милијарди денари и е значително повеќе во споредба со 2016 година кога биле поднесени 41 кривична пријава со што е нанесена штета од 293 милиони денари. Ова го соопшти директорот на Управата Арафат Муареми на министерот за финансии Драган Тевдовски на средба во Управата.

Од Министерството за финансии соопштија дека на работната средба се дискутирало за постигнатите резултати на Управата за финансиска полиција во 2018 година и планираните активности во 2019 година.

-Минатата година направени се неколку клучни реформи и активности во Управата, меѓу кои и  измени на Законот за финансиска полиција. Управата од 2018 година зема учество во Платформата за меѓусебно поврзување и користење на базите на податоци помеѓу државните институции. На предлог на Управата прифатено е и ново кривично дело во Кривичниот законик на Република Македонија – даночна измама. Воедно, Управата зема активно учество во Стратегијата за борба против тероризмот, Стратегијата за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РМ како и во Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги, соопштуваат од Министерството за финансии.

Во 2019 година ќе се воспостави меѓународна соработка со органи и институции од земјите членки на Европската Унија. Воедно се планира и понатамошен развој на системот на податоци со Европол и Интерпол. Во рамки на овие активности ќе се потпише меморандум за соработка со Финансиските полиции на Италија, Грција и Холандија, а Управата ќе учествува и во преговарачкиот тим за склучување договор за соработка со Германија во областа на борбата против криминалот.

Во текот на годината, како што наведуваат, ќе се работи и на создавање технички услови за функционирање на секторите за посебни истражни мерки. Исто така, ќе се изработуваат и Оперативни инструкции со кои ќе се имплементираат меѓународните стандарди за борба против криминалот со примена на најдобрите европски полициски практики.

Најнови вести