Голем дел од Аеродром утрово се разбуди во студ. Жителите на делот околу Т.Ц. Бисер се жалат дека наместо коледари, нив ги будел студот оти радијаторите биле мраз – студени. Граѓаните пријавиле во БЕГ и барале брза реакција.
Дали е дефект во прашање, односно што е проблемот, се очекува компанијата брзо да реагира и да го разреши. Во спротивно на минусните температури, денеска кога сите жители се дома, прашање е како ќе се издржи. Аеродромци, реагираат и дека парното оваа година не е на нивото кое било претходните години.