понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Откажаа ски-лифтовите на Попова Шапка, туристите реагираат, надлежните се правдаат

Откажаа ски-лифтовите на Попова Шапка, туристите реагираат, надлежните се правдаат

Новата зимска туристичка сезона на Попова Шапка започна со многу проблеми. Двоседите денеска не беа во употреба, додека ски-лифтот кај Тетекс беше оштетен. Туристите беа револтирани бидејќи првин морале да пешачат неколку километри поради немањето место за паркирање, а потоа кога стигнале на Шапка имало што да видат – ски-лифтовите не работат, пишува Алсат.

„Лошо време, лифтот не работи, долу ги лажат луѓето. Долу не работат лифтовите, со другар ми чекавме два часа.“

„Нема услови. Ски-лифтовите не работат, има долги редици. Две минути работат, 10 минути не работат и затоа си заминуваме.“

„Сега ги поправаат жичарниците, а има и силен ветер. Снег нема многу, па затоа се враќаме.“

„Сигурно затоа што денес се бесплатни има прекинувања“, реагираат анкетираните туристи.

За проблемите во новата сезона реагираат и од граѓанското движење „Да ја спасиме Попова Шапка“.

„Средивме за претплата на билетите и бараме сè да функционира и да биде како што треба. Одговорност за ова, освен управата, треба да сноси и Агенцијата за развој и туризмот која ја става под сенка оваа туристичка дестинација, потоа ЕЛЕМ, но и владата на Македонија заедно со министрите и заменик-министрите. Апелирам до Владата и органите дека од следната недела ќе ги блокираме главните патишта кои водат кон Попова Шапка“, рече Хамди Сулејмани- Движење „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Од Управата на Попова Шапка се правдаат дека поради оптовареност на ски-лифтовите кои ги користеле скијачите, тие се вон употреба, но најавуваат дека од утре ќе бидат во функција.

Инаку, цените на билетите за жичарниците се 9.500 денари за цела сезона, дневниот билет чини 900, а полудневниот 600 денари. Новост оваа година е можноста за туристичка прошетка со ратрак за цена од 6.500 денари од час.