Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, потврди за „Порталб.мк“, адвокатот Асмир Алиспахиќ.
– Сè уште ја немаме добиено одлуката од Апелацискиот суд за да видиме зошто судењето е поништено. Бидејќи предметот се враќа во Основниот суд во Куманово, Судот е должен да закаже седница за главната расправа – вели Алиспахиќ за „Порталб.мк“.
Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен со возило од Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.