четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Животната приказна на најсекси мажот на светот: Во сопругата се заљубил на 8 години гледајќи ја на ТВ па се заколнал дека ќе ја ожени

Животната приказна на најсекси мажот на светот: Во сопругата се заљубил на 8 години гледајќи ја на ТВ па се заколнал дека ќе ја ожени

Неодамна на листата на најзгодини мажи во светот, на прво место се најде Џејсон Момоа.

По згодниот Момоа, чиј филм „Аквамен“ се прикажува во светските кино сали, воздивнуваат многу жени, но тој повеќе од една деценија е зафатен и се чини дека нема очи за ниту една друга освен за својата избраничка и тоа од рано детство.

Момоа веќе 13 години е заедно со колешката Лиса Банет, а парот има и две деца.

Интересно е што Џејсон се заљубил во 12 години постарата Лиса како 8 годишно момче кое ја гледало во хит серијата „Козби шоу“.

-Имав само 8 години кога ја гледав на телевизија и и реков на мајка ми дека ја сакам баш неа. Заклучив дека ќе ја барам до крајот на животот и дека ќе ја освојам, изјавил актерот во една прилика додавајќи дека се чувствувал како девојче кога изненадно во 2005 година имал прилика да ја запознае.

Иначе, Лиса пред Џејсон беше во брак со пејачот Лени Кравиц со кој ја има и ќерката Зое. Таа е вљубеник во тарот, алтернативната медицина и религијата, а со сопругот често уживаат во екстремните спортови.

Најнови вести