четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл доби поголема улога во кралското семејство

Меган Маркл доби поголема улога во кралското семејство

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл презема сѐ поголема улога во британското кралско семејство, станувајќи заштитничка на четири организации, меѓу кои и Националниот театар.

Покрај тоа, британската кралица Елизабета Втора ѝ ја предаде и улогата на заштитничка на Асоцијацијата на универзитети во Комонвелтот.

Маркл ќе стане и препознатливо лице на Смартворкс – што се грижи за жените од ранливи категории и лондонската организација Мејту, која дејствува и на меѓународно ниво.

Таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари своето прво дете го очекуваат напролет.

Најнови вести