Иако луѓето им се воодушевуваат на интелигентните луѓе, сепак и тие имаат многу маки и препреки со кои се соочуваат. И тие исто така водат борби самите со себе и со околината. Прочитајте кои се најголемите маки на интелигентните луѓе.
Интелигенцијата создава притисок да се успее
Поради тоа што имаат леснотија да ги разберат работите со кои другите се мачат, интелигентните луѓе се соочуваат со внатрешен притисок за подобра кариера, поголема плата и подобар општествен притисок. Кога работите нема да им излезат според планираното и кога овие очекувања нема да се исполнат, тогаш тие имаат голем проблем да го прифатат тоа.
Збунети од патиштата на животот и нивната перцепција за неуспех, интелигентните луѓе се изложени на екстремно само-критикување.
Тешко се спријателуваат
Повеќето од нас лесно создаваат социјални и интимни врски знаејќи дека и ние ќе треба да го возвратиме вниманието. Секој од нас си наоѓа човек што му одговара. Но, високо интелигентните луѓе ретко можат да се опуштат и да уживаат во вечер со пријателите и тешко се справуваат со социјални настани каде треба да стекнуваат пријатели. Исто така, често се наклонети да бараат луѓе кои се на исто интелектуално ниво со нив, а тоа не е секогаш толку лесно.
Премногу анализираат
Интелигентните луѓе постојано размислуваат. Нивниот мозок никогаш не е на одмор и не прави паузи. Процесот на донесување одлуки е стресен и тежок. Плус тие најчесто не се многу физички активни, постојано им недостасува здрав сон и оваа комбинација многу често води кон депресија.
Интелектуална изолација
Кога успехот се определува според просекот, стравот од неуспех може да ја уништи вистинската љубов за учењето и страста да се сподели знаењето со други. Интелигентните луѓе некогаш знаат да делуваат арогантно, но тоа е затоа што не секогаш можат да се изразат на разбирлив начин и затоа одлучуваат да молчат.
Среќата е чудна работа
Во 1926 година, психологот Луис Терман, во Калифорнија идентификувал 1500 студенти кои имале коефициент на интелигенција од 140 па нагоре. 80 од овие студенти имале IQ од 170. Тие биле следени и набљудувани во текот на целиот свој живот. Во крајните заклучоци за задоволството од животот, високиот степен на интелигенција е поврзан со незадоволство од животот.
Постојаното анализирање и мислење води кон социјална анксиозност. Неспособноста да се побара помош ја зголемува изолацијата, а обидувањето да се вклопат во околината води кон пад на самодовербата. Сите имаме некои демони со кои се справуваме, а интелигентните луѓе не се исклучок од тоа.