Американскиот Господин Совршен, Колтон Андервуд отворено признал дека на 26 години сè уште е невин. Иако поранешниот фудбалски играч истакнал дека не сака од тоа да направи голема галама, изгледа дека продукцијата одлучила сосема спротивно.
„Невин сум, но тоа е само мал дел од она што навистина сум“, рекол во најновото шоу, кое започнало да се прикажува на 7-ми јануари.
„Многу време посветив на фудбалот, па така си го запоставив приватниот живот. Поради тоа уште не ја загубив и невиноста. Тоа е една од работите за кои не сакам да зборувам многу. Не ми е лесно да зборувам на таа тема“, тврди тој, но подоцна прилично се отвори.
„Не чекам венчавка, чекам да се заљубам. Чекам да почувствувам дека е вистинско време“, рекол тој.
Некои од гледачите изреагирале дека премногу се инсистира на неговата невиност.
„Претераа со споменувањето на невиноста, се откажувам.“
„На никого не му пречи тоа што тој е девица. Ни смета тоа што сè се врти околу тоа дека тој е невин. Не е проблем само тоа што го искористуваат и дека е непријатно, туку е многу иритантно и здодевно“.
Некои ја споменале и рекламата со која се најавува шоуто, на која е истакнато: „Што има тој да загуби?“