Директорот на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани, кој доаѓа од СДСМ на службеното возило БМВ Х6 со регистарски ознаки СК5262АН монтирал полициски црвено-сини светла со кои непречено поминува на македонските патарини, објавува Инфомакс.
Во Македонија исклучиво возилата на полицијата и оние под полициска придружба смеат да користат вакви светла кои им даваат предност во сообраќајот. Со доаѓањето на власт на СДСМ вакви полициски светла монтираа речиси сите нивни директори.
Да не бидат покусо градоначалниците од ДУИ го следеа нивниот пример, а по нив и сопственикот на ФК Шкендија Љазим Дестани на целата своја ергела џипови. Ваквиот башибозук засега комплетно неказнето минува од Оливер Спасовски.