вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Елка Јацева Улчар: Со законот за јазици македонскиот јазик се става во подредена позиција во однос на албанскиот јазик

Елка Јацева Улчар: Со законот за јазици македонскиот јазик се става во подредена позиција во однос на албанскиот јазик

 Употребата на македонскиот јазик, како службен јазик е ПРАВО И ДОЛЖНОСТ на грѓаните на Република Македонија“ (чл. 2 ЗУМЈ). Оттука, секој граѓанин на оваа земја мора да го знае македонскиот јазик како основно комуникациско средство во рамките на една унитарна држава каква што е Република Македонија пишува професорката Елка Јацева Улчар на својот Фејсбук статус.

Според неа новиот закон за употреба на јазиците не го предвидува тоа, туку и овозможува не секој граѓанин да го знае македонскиот нешто на што веќе неколку пати предупредуваа јазичните експерти и професори кои се занимаваат со оваа проблематика.

Таа пишува дека македонскиот јазик е :

 1. Официјален јазик само во Република Македонија и во ниедна друга земја во светот, во законскиот акт со којшто треба да се реулира употребата на јазиците е спомнат само еднаш;

 2. Затоа што е дискриминирачки не само во однос на македонскиот, туку и во однос на други јазици коишто ги говорат граѓани на Република Македонија (ромскиот, српскиот, влашкиот, турскиот… овде не ги знаеме процентите зашто немаме попис од 2002 г.);

 3Улогата што кога станува збор за македонскиот јазик ја има Владиното советодавно тело Совет за македонски јазик (составено од 8 члена и 1 претседател (в. чл. 8 од ЗУМЈ), при што не одржува повеќе од 12 седници годишно и членовите НЕ СЕ ВРАБОТЕНИ во Советот, чл. 11 од ЗУМЈ)

 Професорката Улчар како проблематична ја зема и формирањето на новата агенција која ќе се занимава со примена на јазикот која ќе работи под раководство на директор што го избира Владата на претходен конкурс во кој ќе бидат ВРАБОТЕНИ судски преведувачи, лингвисти, дипломирани филолози по албански јазик, како и лиценцирани лектори (в. ЗУЈ, чл. 18, т. 2 и 3) Ова според неа укажува за нерамноправен однос во грижата на државата за употребата на македонскиот јазик, наспроти употребата на друг јазик којшто го говорат граѓани на Република Македонија.

 Во однос на казните професорката Улчар пишува дека: “ употребата, односно неупотребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија ќе се санкционира со посебен Инспекторат кој ќе има својство на правно лице при Министерството за правда (в. ЗУЈ, чл. 20, т.1). Ова многу се разликува од Законот за употреба на македонскиот јазик чиј инспекциски надзор вршат инспектори кои се вработени во Министерството за култура (чл. 12 од ЗУМЈ) и постапуваат само по пријава и тоа само за НЕЛЕКТОРИРАНИ текстови, а не и за неупотреба на македонскиот јазик (чл.13 од ЗУМЈ)“ .

 Според Улчар оваа законска одредба којашто, укажува дека ова законско решение, македонскиот јазик го става во подредена позиција, иако при претставувањето на Законот се говори за рамноправност. На овој начин се овозможува уште поголема сегрегација меѓу населението во Република Македонија на што предупреди и професорката Симона Груевска Маџовска. Новата агенција што треба да се формира ќе ја усложни администрацијата и може да доведе до парализирање на инстуциите. Дополнително е и финансиското оптеретување од 1,7 милиони евра кои се предвидени од Буџетот на Република Македонија за имплементацијата на овој закон.

Најнови вести