четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од идната недела ќе почне да се наплаќа паркингот спроти ГТЦ

Од идната недела ќе почне да се наплаќа паркингот спроти ГТЦ

Локацијата спроти Холидеј ин од наредната недела ќе се врати во првобитната функција – паркинг простор. Досега таму се паркираше кој каде ќе стигне, но од наредната недела, паркингот ќе се наплаќа.

Со паркингот ќе стопанисува фирмата МГ Фешн на бизнисменот Зоран Антиќ кој за ТВ 24 вели дека целта е да го регулира сообраќајниот паркинг на оваа атрактивна локација. Дозволата за управување и стпанисување на паркингот ја добил од Советот на Град Скопје за период од 10 години.

Наплаќањето ќе започне следната недела – со цени како и претходните, со цел да се спречи хаосот ос самоволието на граѓаните кои паркираат каде ќе најдат.

Ова не е конечно решение за локацијата. Ќе се гради во оној момент кога се добие дозволата и кога ќе се тргне мораториумот под кој се наоѓа и оваа локација.