Сопственикот на Плејбој, Хју Хефнер почина во септември минатата година, а дел од своето богатство и остави на својата сопруга Кристал Харис Хефнер (31). Меѓу останатото на неа и припадна и вила во Холивуд вредна пет милиони долари. Сепак таа решила да ја продаде, поради што наиде на осуда од многумина.
Вилата има преку 5000 квадрати, четири спални соби и четири бањи. И покрај гласините дека Кристал нема да наследи ништо, бидејќи потпишала предбрачен договор, Хефнер сепак и оставил недвижен имот, но и пет милиони долари.
Резиденцијата која ја продава се наоѓа на западниот брег, а за неа основачот на Плејбој во 2013 година платил пет милиони долари и ја подарил на поранешната манекенка додека двајцата живееле во Плејбој вилата.
Кристал за оваа резиденција бара 7, 2 милиони долари. Таа се омажи за Хју во 2012 година, кога имала 26 години, а тој 86 и за него ова беш трет брак.
Хефнер почина на возраст од 91 година, а неговото богатство е проценето на околу 43 милиони долари.