среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бучковски: По носењето на уставните измени, промоција на Законот за јазици доведе до разочараност на гласачкото тело кое го поддржуваше СДСМ

Бучковски: По носењето на уставните измени, промоција на Законот за јазици доведе до разочараност на гласачкото тело кое го поддржуваше СДСМ

Во вчерашното Отворено студио на 1ТВ гостуваше поранешниот премиер и актуелен професор на правниот факултет Владо Бучковски кој изјави дека СДСМ ги губи своите поддржувачи со штетните политики.

– Мислам дека начинот на кој досега функционираше владата, посебно носењето на уставните измени, промоција сега на Законот за употреба на јазиците доведе до разочарување на дел од гласачкото тело кое го поддржуваше СДСМ. И тоа мора да се калкулира, посочи Бучковски.

Бучковски образложи дека неговата проценка е дека ако продолжи овој тренд на разочарани поддржувачи на СДСМ повторно СДСМ ќе влезе во онаа замка од 2006-та. Ќе се зголемува бројот на разочараните, тие никогаш нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Но повторно ќе го направат конкурентен ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката на нашите сограѓани Албанци, припадниците на другите етнички заедници го прави СДСМ да биде во овој момент фаворит на идните парламентарни избори и претседателски избори, појасни Бучковски.

Најнови вести