среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата за мерки против загадувањето ќе потроши 2 милиони евра, додека за лубриканти, луксузен мебел, месо, кафе и цвеќиња лани потроши над 9 милиони евра

Владата за мерки против загадувањето ќе потроши 2 милиони евра, додека за лубриканти, луксузен мебел, месо, кафе и цвеќиња лани потроши над 9 милиони евра

Граѓаните во Македонија се гушат во смог. Додека мерните станици покажуваат алармантни вредности на штетните ПМ честички во воздухот, надлежните активираат краткотрочни мерки кои воопшто не се покажуваат дека има било какво подобрување.

Граѓаните се револтирани и незадоволни од негрижата на надлежните институции и градот Скопје за да ја подобрат состојбата со аерозагадувањето.

Но, дополнително револтира и фактот што Владата на вчерашната редовна 116 седница ја усвои Предлог програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година.

Според Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени 2 милиони евра, што уште еднаш покажува дека оваа влада не води грижа за здравјето на граѓаните, ако се земе во предвид дека за набавка на лубриканти владата на СДСМ потроши 1.6 милиони евра, за набавка на кафе потроши 45.000 евра каде што граѓаните коментираа дека владините претставници го пијат најскапото кафе.

Дополнително, граѓаните паметат дека Владата на СДСМ има потрошено 670.000 евра за набавка на цвеќиња, 52 илјади евра за набавка на месо, 7 милиони евра за набавка на луксузен мебел.

Владата на СДСМ лани потрошила над 9 милиони евра, додека за мерките против аерозагадувањето каде што бенефит ќе имаат сите граѓани и ќе им се обезбеди почист воздух планира да потроши 2 милиони евра.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати апелираа дека овој проблем кој стана рак рана за граѓаните мора да се сфати посериозно од страна на Заев и Петре Шилегов и соодветно да се реши, нудејќи неколку мерки против енормното загадување на воздухот.

Најнови вести