Соочени со актуелната политичка ситуација, во која Македонија се наоѓа пред свршен чин на дотолчување и преименување, Македонците во Швајцарија организираа мировен протест кој е продолжение на „Заедничка Македонија” и воедно се надоврзува на „Ние сме Македонија”.
-Да бидеме што помногубројни и единствени, бидејќи за Македонија се работи, порачаа тие.
-Македонија не е сама, до последен здив додека нашите срца чукаат, мислата е со неа. Да ја браниме и одбраниме, велат тие и додаваат: „Тој шчо не си ја љубит татковината, не е чесен чоек…”.
Во исто време, во ист час беа координирани протести на Македонците во Франција, Италија и Германија.