На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо-Пино веќе 46 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, во 22 часот навeчер.
Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода” со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.
„Бидејќи премногу луѓе ја злоупотребуваа мојата/нашата болка, пишувајќи навреди за моето дете, лажни зборови без никаква основа, јас и моето семејство одлучивме да немаме повеќе никаков контакт со државата. А во меѓувреме бараме помош од медиумите, телевизиите и од жителите на Република Македонија, ако имате информации за Пино. Јавете се на 078 246 917 или пријавете во станица Кисела Вода/ Скопје и побарајте да зборувате со началникот Дејан Димовски“, напиша неговата мајка на Фејсбук.