Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска упати повик министерката за труд и социјална политика Мила Царовска уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката „Ангел Шајче“, да го укине решението и надлежноста да ја врати на Општина Куманово.
Димитриевски побара од министерката Царовска таа јавно да се извини.
– Решението за одземање на ингеренциите на Општина Куманово за градинката „Ангел Шајче“ од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е неиздржано, селективно, пристрасно, тенденциозно и има за цел директно да го инволвира Министерството во изборот на директорот. Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение, да го повлече, бидејќи општина Куманово не заслужува ваков третман – рече Димитриевски.