вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Британски јасновидец предупредува: 2018 ќе биде пеколна

Британски јасновидец предупредува: 2018 ќе биде пеколна

Британскиот јасновидец Крег Хамилтон-Паркер, кој успешно ја предвидел победата на Трамп и Брегзит, најавил некои вознемирувачки настани кои, како што тврди, ќе се случат во светот наредната година.

Годинава ќе биде полна со драматични политички превирања и еколошки кризи, кои ќе предизвикаат непредвидливи временски услови, најавил Хамилтон-Паркер.

Предвидел и терористички напад на авто-пат во Велика Британија, револуција во Северна Кореја во која ќе биде отстранет од власт Ким Јонг Ун, и хемиски напад кој ќе биде изведен од дрон на еден од европските градови.

Своите предвидувања за мрачната иднина овој јасновидец ги објавил на својот блог, а меѓу помалку драматичните најави, се нашла и таа дека британскиот принц ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.

Во новите визии, како што тврди, видел дека Трамп успешно ќе ја избегне постапката за отповикување, а дека во Европа ќе дојде до зајакнување на десницата, посебно во Шпанија, Италија и Франција, што ќе предизвика големи нереди на улиците на тие држави.

Но, најцрни прогнози дал за екологијата во 2018. година, а предивидел и низа еколошки катастрофи.

– Екологијата е на врвот на листата затоа што чувствувам дека во 2018. година ќе се случат досега невидени потреси, вуклански ерупци и големи невремиња – рекол тој.

Најавил дека ќе се активира Везув, поради што жителите на Неапол ќе мора да се евакуираат, а според неговите предвидувања, силен земјотрес ќе го погоди и Нов Зеланд.

Смртоносни пожари во Калифорнија, разорни поплави во Кина и Индија, и страшни урагани кои ќе ги погодат Карибите, исто така се наоѓаат на листата.