вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Влатко Грозданоски доби најубав роденденски подарок: Фудбалерот стана татко

Влатко Грозданоски доби најубав роденденски подарок: Фудбалерот стана татко

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко. Неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила, а породувањето поминало во најдобар ред и двете се чувствуваат добро.

-Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи.

Инаку, со Христина која по професија е манекенка се венчаа во 2016 година, а претходно беа долги години во врска.

Најнови вести