недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Павловски: Дали фирма на сопругот на Царовска добила тендери од кумановската градинка?

Павловски: Дали фирма на сопругот на Царовска добила тендери од кумановската градинка?

Дали фирмата на сопругот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска добила тендери од детска установа во Куманово. Ова прашање, како што пишува порталот Кумановски муабети, го поставил советникот Владимир Павловски до директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска која денеска избегнала да даде одговор.

Советникот Павловски упати прашање дали се потрошени средства за снимање со дрон од фирмата „Флај кем“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на сопругот на министерката.

Директорката Алексовска потврди дека биле ангажирани професионалци за снимање на дел од манифестациите на градинката во два наврати, по што биле потрошени по 35.000 денари, но не откри која компанија го сторила тоа.

Најнови вести