вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојановски: Од градоначалникот на Ѓорче Петров наместо реализирани ветените проекти, добивме неасфалтирани улици и загаден воздух

Стојановски: Од градоначалникот на Ѓорче Петров наместо реализирани ветените проекти, добивме неасфалтирани улици и загаден воздух

Денеска сме во Волково да одбележиме година и половина од владеењето на Александар Наумоски. За само година и половина СДС успеа да ја врати општината Ѓорче Петров во 19 век, ова денеска преку прес-конференција го истакна Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров.

-Во оваа година и половина наместо да го добиеме ветениот живот и ветените проекти добивме змијарници, кал, неасфалтирани улици и канцероген воздух. Владеењето на Кметот Наумоски го отсликуваат пеење по кафани, танчерки, покачување на сопствената плата и низа други скандали. Го повикуваме Наумоски наместо да размислува во која локална кафана да го помине утрешниот ден да започне да ги реализира ветените проекти за кои жителите на Ѓорче Петров го дадоа својот глас.

Волково се уште чека

  1. Изградба на градинка или адаптација на објектот на поштата во детска градинка во Волково.
  2. Кружен тек сред село.
  3. Изградба на помали спортски и детски игралишта.
  4. Проширување, надградба на уште еден кат на културниот дом.
  5. Реконструкција на сите раскопани улици и асфалтирање на неасфалтираните улици.
  6. Реконструкција на тротоарите и изградба на нови на веќе постојните улици.
  7. Реализација на канализационата мрежа.
  8. Проширување на патот од Волково до Кучково.
  9. Трасирање на ридскопланинска велосипедска моунтинбајк патека.
  10. Модернизација и реконструкција на уличното осветлување.

Тој го повикува Наумоски наместо  да ја потценува меморијата на жителите на Волковчани да започне со реализација на ветените проекти.

-Воедно го замолуваме да престане да ги опструира проектите започнати од ВМРО – ДПМНЕ и да ги реализира 33-те улици и да ја доврши канализационата мрежа во Волково, проекти за кои се обезбедени средства уште во 2016 година, од тогашниот министер за транспорт Владо Мисајловски. Наумоски, време е за крај, рече Стојановски.

Најнови вести