Сопругата на хрватскиот репрезентативец Домогој Вида деновиве е во центарот на вниманието во Хрватска откако предизвика гнев во јавноста.
Убавата Ивана Вида која се прослави на СП во Русија минатата година на својот Инстаграм профил објави анкета дали треба да ја избрка од работа својата домашна помошничка поради тоа што и го испрала скапиот џемпер кој се собрал?
Ставајќи ја судбината на нејзината домашна помошничка во рацете на нејзините следбеници предизвика гнев кај многумина и ја крена јавноста на нозе.
Џемперот со потписот на Алберт Феретти поради кој настана вистински хаос на Инстаграм во медиумите се појави во 2017 година кога секоја блогерка сакаше да го поседува дома. Овој џемпер на кој е испишан ден од неделата чини близу 500-тини евра и стана симбол на речиси секоја влијателна девојка на Инстаграм.